За пантолони кои неодамна биле ископани на едни гробишта во Кина се верува дека се најстарите досега пронајдени во светот, а археолозите сметаат дека имаат околу 3000 години. Според медиумите, во гробницата Јангхаи, покрај посмртните останки на двајца мажи пронајдени се исклучително добро сочувани пантолони. Меѓу останатите ископани предмети имало камшик, парче дрвен коњ, борбена секира и лак. Сувата клима и топчите лета овозможиле зачувување на посмртните останки, па уште во 197 година на тоа место биле ископани околу 500 гробови.

Волнените панотлони од гробницата потсетуваат на модерни пантолони за јавање. Затоа групата археолози од германскиот археолошки институт во Берлин претпоставува дека токму номадите во централна Азија ги измислиле пантолоните како би го заштитиле телото од надворешни влијанија, но истовремено да не им сметаат во движењето, првенствено во јавањето. Се верува дека почетоците на јавањето во Кина биле пред околу 3400 години. Пантолоните имаат пришиени додатоци, по еден за секоја ногавица и додаток во пределот на препоните. Во струкот се прицврстени со жица. Дека старите кинези воделе сметка и за естетиката сведочи и изајнираниот детал при дното на ногавиците.