Од повеќе од 47 илјади жители над сто години, колку што живеат во Кина, жените чинат 80 проценти, било наведено во извештајот на Геронтолошкотот друштво на Кина. Во Кина од 16 октомври живеат 9505 мажи и повеќе од 38 илјади жени кои имаат над сто години.
Од нив во градовите живееле повеќе од 12 илјади, а во селата повеќе од 35 илјади. Најстара личност во Кина е  Луо Меиџен, која има 127 години, додека најстар пар се Џанг Ванцинг и Ванг Јусју од кинеската провинција Хаинан кои заедно имаат 214 години.