Британскиот премиер Борис Џонсон имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешната посета на Киев, изјави помошник на украинскиот лидер.

Посетата на Борис Џонсон во Киев започна токму сега со тет-а-тет средба со претседателот Зеленски, објави претседателскиот помошник Андриј Сибиха на Фејсбук.

Премиерот Борис Џонсон рече дека ја направил својата ненајавена посета на украинскиот главен град како „покажување на непоколебливата поддршка на Британија за народот на Украина“.

Велика Британија ќе испрати 120 оклопни возила и нови противбродски ракетни системи за поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија, најави Џонсон. Додаде дека Британија ќе испрати и нови противбродски ракетни системи.

OhridNews
Фото: Миа