Вчера во просториите на КИЦ Култура 365 се оддржа комеморативен настан “28 години од смртта на холандскиот писател А. ден Долард”.
По тој повод беше организиран културно-информативен настан од отворен карактер на кој беше истакнат животот и делото на овој холандски писател и неговата улога во промовирањето на Охрид и Македонија во светот. Се дискутираше за неговата важност и културното наследство кој тој го остава зад себе.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков како и претставници од Холандија, Франција, Германија, Англија и многу други љубители на пишаниот збор.
Организаторот на овој настан Крсте Пурцов најави дека ова е само еден од многуте културно-информативни настани кои ќе следат во летниот период како и постоечката културна манифестација ЛУНУС – Летни Уметнички Ноќи на улица Самуилова. Истакна и дека во следниот период ќе има и настани каде што ќе земат учество поети, писатели и културни дејци од други земји.
Во чест на Мишо Јузмески ќе продолжиме со настани од ваков карактер како и промовирање и афирмирање на градот Охрид низ светот – изјави Пурцов.
А веќе овој четврток, 30ти јуни, следува промоција на детскиот стрип ‘’Бестрашниот’’ од Дарко Богданов, а како промотер на настанот ќе биде охридскиот писател Јордан Коцевски.
Настанот ќе започне во 20:00 часот.
OhridNews