Група истражувачи во Кенија пронашле досега најстари камени алати, со што историјата за правење орудија е вратена за околу 700 илјади години наназад. Пронајдените алатки, како што се верува, се стари 3,3 милиони години, а настанале далеку пред појавата на првиот припадник на нашиот билошки род, хомо. Ова откритие сигурно ќе ги разниша традиционалните верувања, според кои само припадниците на нашиот род правеле орудија.
Пронајденото орудие настанало со удирање на нкамењата заради добивање оштрица која се користела за сечење. Засега не се знае кој ги правел овие алатки, пронајдени во близина на езерото Туркана, на северозападот на Кенија, и со која цел биде употребувани. Како што пренесуваат агенциите, студијата за ова откритие била објавена во списанието „Nature“.