Научниците од калифорнискиот универзитет Беркли открија дека просечно секој жена којашто користи кармин за усните може на ден да внесе 20 отсто поголемо количество тешки метали од максимално дозволените дози за човекот, пренесува „Макфакс“.
Некои од најпопуларните марки кармини и сјаеви за усни меѓу состојките имаат материи коишто и не се така убави и здрави. Истражувачите од универзитетот Беркли испитувале 32 различни производи за усни кои можат да се купат во американските продавници и во нив откриле концентрации на олово, кадмиум, хром, алуминиум и уште пет тешки метали. Во некои концентрации се доволно високи да предизвикаат загриженост за здравјето односно зголемен ризик за развој на рак и за невролошки проблеми.
Лицата кои кармините за усни ги користат во просечни количества можат во својот организам дневно да апсорбираат околу 24 милиграми од производот, а тие коишто го нанесуваат почесто дури и до 87 милиграми.
Откако било измерено количеството метали во овие производи, се дошло до заклучокот дека просечната корисничка на кармин може во организмот да внесе 20 отсто повеќе или дури и значително повеќе од количество алуминиум, манган и кадмиум од дневно дозволените дози.
Научниците велат дека ова откритие не значи дека треба да се престане со користењето на кармините или сјаевите за усни, меѓутоа во секој случај треба да се намали претерувањето во шминката.
Во студијата ниеден бренд не е посебно именуван, но научниците велат дека нема големи разлики во концентрациите на тешките метали од производител до производител и дека резултатите може да се сметаат релевантни за сите.
извор:„Макфакс“