Жителите на гратчето Гичинамегосиб во канадската провинција Онтарио пронашле необично суштество во езерото Биг Траут. Животното по градбата наликува на глушец, долго е триесеттина сантиметри, а на главата, на која нема влакна, се истакнуваат големи заби и сплескана муцка. Сликите на животното биле објавени на градскиот сајт, чие население го сочинуваат припадници на домородското племе Гичинамегосиб Ининиваг.
Животното од езерото било извлечено од едно куче, кое се шетало со своите сопственици. Кучето душкало покрај езерото, а потоа скокнало во него и го извадило необичното животно. Локалните жители велат дека не виделе вакво животно веќе 40 години. Штом на интернет се појавиле фотографиите, веднаш се кренале многу расправии што би можело да биде.