Авион на компанијата „Вест Винд“ се урнал во Канада. Во него се наоѓале 25 лица – 22 патници и тројца членови на екипажот. Несреќата се случила синоќа по полетувањето од аеродромот „Фонд ду Лак“.

Сите патници и членови на екипажот биле пронајдени живи и од местото на несреќата биле пренесени на безбедно. Според првичните информации, неколку лица биле повредени.

Како што е наведено, по падот, немало експлозија или пожар.

OhridNews