Накит вреден повеќе од милион долари, кој требало да биде позајмен на актерките за прошетка по црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан, бил украден од хотелот, соопштила полицијата.
Крадците упаднале во собата на вработениот во швајцарската компанија за накит „Шопард“, го отвориле сефот и побегнале со накитот. Кражбата се случила во хотелот Новотел во центарот на Кан.