На магистралниот пат Гостивар – Кичево утрово околу 5 часот изгорел камион на „Македонски пошти“, кој пренесувал поштенски пратки за Охрид.

СВР Тетово информираше дека товарното возило „ман“ сопственост на „Македонски пошти“ со кое управувал Т.Б. (58), најверојатно се самозапалило во возење. Од огнот изгореле кабината и целата содржина која се наоѓала во фургонскиот дел.Според првичните наоди на истрагата, во поштенскиот камион имало меѓународна пратка на производи, кои требало да се достават до Охрид.

Од подружницата на „Македонски пошти“ во Охрид го потврдија инцидентот, но останаа без став со образложение дека немале доволно информации за случајот. Неофицијално камионот на поштата пренесувал стока и за специјалзирани продавници во Охрид.

На местото на настанот излегле истражен судија, обвинител и екипа на СВР Тетово кои работат на утврдување на причините кои довеле до опожарувањето.