Голем број верници присуствуваа на светата архиерејска литургија што се одржа утрово во црквата Св. Богородица – Каменско, по повод празникот Собор на Св. Архангел Гаврил, со која чиноначалтвуваше владиката Тимотеј.

Денешниот празник е востановен во чест на Архангелот Гаврил, кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите Седум архангели кои стојат пред престолот Божји.

На денешен ден се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во IX век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. 


Во Каменско свечено одбележан празникот Собор на Св. Архангел Гаврил

OhridNews

Собор на Св. Архангел Гаврил