Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4-ти декември, недела, со почеток во 8.45 часот, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews