Во црквата Света Богородица – Каменско денеска во 16ч. ќе се служи последниот “Акатист на Пресвета Богородица“.
Ќе богослужи неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. Акатист има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Во недела 25 март, во црквата Свети Никола – Долна маала, ќе се одржи света архиерејска литургија по повод петтата недела од Велигденскиот пост која е посветена на Света Марија Египетска. Богослужбата со која ќе чиноначалствува митрополитот г. Тимотеј започнува во 8:30ч.
Дебарско-кичевската епархихја ги повикува сите верници на заедничко прославување на овоу празници.