Условите во кои ФФМ го организира кампот за млади категории во Охрид во одморалиштето “Партизан“  се под потребното ниво обвинива сопствникот на комплексот „Градска плажа“ Рашид Мизо. Според него во такви услови неможе да се создавааат фудбалери ,а истите ќе ги оддалечат децата од најважната споредна работа на светот. Тој тврди дека условите кои ги понудил на федерацијата за реализација на кампот се далеку подобри од прифатената понуда.

Децата во последните неколку години се на подготовки овде во Охрид во кампот Партизан. Условите што ги користат таму и тие што јас ги понудив се разлика како небо и земја. Едно е да се престојува во камп приколки по пет шест деца, друго е да престојуваат во вили каде ќе бидат сместени по двајца , тројца – вели Мизо.

Според Мизо, федерацијата навидум ја одбрала најевтината понуда која како што кажа тој е на штета на младите фудбалери. Тој се сомнева дека во целиот случај се штитат лични интереси и побара органите на федерацијата да ги испитаат неговите наводи.

 –  Нека формираат комисја и нека утврдат, дали разликата во цената од 150 денари вреди да се одберат условите во кампот “Партизан“ или пак условите во комплексот градска плажа – додава Рашид Мизо. 

Сопственикот на копмлпексот очекува дека федерацијата ќе го испита случајот и ќе донесе олука во која ќе се заштита интересите на млади талентирани фудбалери.  Впрочем, нели кампот се организира за нив, завршува Мизо.

М.П.