Со изложба на дела од најмладите – автори учесници на тридневната едукативна работилница во организација на Арт Центар во соработка со кафе и бар Шила, се заокружи заедничкото дружење исполнето со многу забава и креативност.

На изложбата што се отвори утрово во „Шила“ можеа да се видат бројни дела на нашите мали, но големи уметници, велат организаторите.

Tридневната креативна работилница со ликовно творење и забава беше наменета за деца од 6 до 16 години, а часовите ги држеа искусни ликовни педагози.

OhridNews