Поголема количина на дрога – марихуана со тежина од над 100 килограми, која била спакувана во торбици, рано утрово е откриена на регионалниот пат Струга – Охрид во близина на месноста викана „Рампа“ кај Струга во пловен објект на брегот на Охридското Езеро, информира СВР Охрид.

Дрогата ја пронашле полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија – Регионалнен центар за гранични работи Запад при Бирото за jавна безбедност, во акција која била координирана со Основното јавно обвинителство Струга како резултат на претходно преземени мерки и активности.

Од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место, а по собирање на доказниот материјал по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот Законик, соопшти СВР Охрид.

OhridNews