Во еден приватен рибник, во централниот дел на Јужна Кореја, пронајдени се две риби со изглед на лицето како човечкиот.
Овие “хуманоидни“ риби најверојатно се хибридни потомци на два видови крап.
Двете се женки, долги околу 90 цм, со нос, очи и усни налик човечките, а живеат во мал рибник зад куќата на еден 64 годишен кореец.
Како што тврди сопственикот на рибникот, неговите риби неодамна попримиле “човечко лице“, а до тогаш изгледале како останатите риби.
Истражувачите сега ќе се обидат да откријат како дошло до оваа “трансформација“ и има ли уште слични видови во светот.