Рударската компанија „Петра дијаманти“ соопштила дека во Јужна Африка ископале редок син дијамант. Компанијата соопштила дека дијамантот од 29,6 карати е пронајден во рудникот Кулинан, од каде во минатото се извадени некои од најпознатите светски дијаманти, вклучувајќи ја и 530-каратната Ѕвезда на Африка која е дел од британската кралска ризница.

Овој познат рудник на дијаманти се наоѓа во близина на Преторија. Од компанијата наведуваат дека новиот дијамант е со изразена сина боја, инзвонреден тон и јаснотија, и би можел да биде избрусен во исклучително квалитетен скапоцен камен.