Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на саемот за туризам „RDA Workshop“ кој ќе се одржува од 21-ви до 23-ти јули 2015 година во Келн, Германија.

Оваа престижна саемска манифестација, која годинава се одржува по 41-ви пат, е еден од најголемите туристички настани во Германија, на кој секоја година се презентираат стотици земји и региони.

Според распоредот на настани од ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” за 2015 година, свој изложбен штанд Македонија ќе има и на Саемот за туризам „Jata“, кој ќе се одржи од 24-ти до 27-ми септември во Токио, Јапонија.

Според планираното, македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам „IFTM“ во Париз, Франција, кој ќе се одржува од 29-ти септември до 2-ри октомври 2015 година. Саемската промоција на Македонија ќе продолжи на самот за туризам „ТТG Incontri“ кој од 8-ми до 10-ти октомври ќе се одржува во Римини, Италија. Исто така Македонија ќе биде дел и од саемот „World Travel Market“ кој ќе се одржи од 2-ри до 5-ти ноември 2015 година во Лондон, Велика Британија.

Инаку во текот на првите три месеци од годинава, ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” ги презентираше нашите туристички можности на саемите во Утрех, Истанбул, Брисел, Софија, Белград, Берлин, Москва и Гетебург.

OhridNews