Православните христијани на 19-ти јануари го одбележуваат големиот верски празник Богојавление – Водици. Традицијата е мошне силна во Охрид, каде со децении во поранешниот систем, охриѓани скришум в зори го фрлалр чесниот крст во Езерото. Водици денес е и државен празник, кој се одбележува свечено на градското пристаниште во Охрид, каде стотици млади скокаат по светиот крст. Тајфата на „фаќачот“ ја пее песната „Во Јордание“, заедно со многуилјадниот народ. Богојавленската песна треба да ја знае секој охриѓанец:
троическо и јавилсја поклонение,
родителе во глас свидетелствоваше тебје,
возљубљена готја сина именуја,
и дух вовидње голубиње,
известоваше словеселје утврждение,
јављај се Христе боже,
и мир просвештеј слава тебје.