Во јавните здравствени установи првпат се воведува систем за управување со квалитет ИСО 9001- 2008, кој е еден од најпознатите системи во јавниот и во приватниот сектор. Системот претставува прифаќање на однапред утврдени правила на дејствување и однесување со што работењето на институцијата станува стандардизирано.

Како што информираат од министерството за здравство, тоа значи оти за секоја постапка која се применува во здравствените организации ќе биде изработен протокол кој ќе биде објавен и секогаш ќе мора да се почитува – од воведување на пациентот во компјутерската евиденција, начинот на дистрибуција на метежот, организација на работењето, до начинот на требување материјали, издавање лекови, издавање скапи лекови итн.

Од министерството потенцираат дека за имплементација на стандардите потребно е време од три до шест месеци, а потоа два до три месеци период на сертификација.

Сетфикацијата на системот, ќе биде спроведена од специјалзирани куќи за сертификација на овие стандарди која треба да биде избрана на тендер.

OhridNews