Градската управа во Пекинг поставила нови стандарди кога станува збор за одржување на чистотата во јавните тоалети, а меѓу нив има и одредба според која надзорниците во нив не смеат да затекнат повеќе од две муви. Одредбата била донесена од собранието на градската управа во Пекинг, кое исто така поставило стандарди кои се однесуваат на кантите за ѓубре, но и за непријатната миризба во тоалетите. Не е познато дали лицата кои ја одржуваат чистотата во тоалетите ќе бидат казнети доколку не ги исполнат зададените стандарди, и доколку бидат, на кој начин тоа ќе се оствари.
Новите правила исто така се однесуваат на обука на лицата кои ќе ја одржуваат хигиената, и на правилно користење на помагалата и средствата за чистење. Во склад со одредбите, во тоалетот, во моментот кога ќе се појави интерната контрола, не смеат да се затекнат повеќе од две муви, како ни повеќе од два фрлени предмети во кантата за ѓубре. Од градската управа објасниле дека одредбите биле донесени за подигнување на хигиената во јавните тоалети кои се наоѓаат во парковите, во туристичките делови на градот, во подземните железници, на железничките станици, во болниците и во трговските центри. Повеќето од тоалетите ќе мора да бидат прилагодени за постарите лица и за инвалидите.