Јапонската полиција го уапсила водачот на еден криминален ланец кој се специјализирал за испраќање во домашни посети проститутки потешки од 150 килограми, соопштил претставник на полицијата во Токио. Кеико Саито и еден од нејзините макроа биле осомничени дека воделе проституција под името „максимално тело“, и кои се рекламирале дека даваат услуги на лицата кои сакаат екплозивни гради и тела.

Сеито била обвинета дека ангажирала околу 30 жени со големи гради од оки една имала повеќе од 150 килограми. Полицијата рекла дека муштериите во Токио можеле по телефон да нарачаат посета во својата куќа или хотелска соба од сервисот кој носел име „Здрава испорака“, кој бил распространет во Јапонија во која не е дозволена продажбата на сексуални услуги. Саито, за која се верува дека на овој начин заработила четири милиони долари во последниве три години, претходно се занимавала со проституција. Таа започнала сопствен бизнис бидејќи верувала дека крупните жени се популарни кај мажите.