Друштвото за заштита на животни од Јапонија соопшти дека локалните рибари уловиле исклучително редок примерок на албино делфин и исто така убиле 11 други видови делфини во контраверзниот традиционален лов кој се одржува еднаш годишно. Албино делфинот моментално се наоѓа во заробеништво каде се храни со мртва риба и се спрема за интеракција со луѓе. Друштвото за заштита на животните шпекулира дека овој делфин ќе биде продаден на еден светски аквариум, а дека најверојатно неговата цена ќе достигне и 500 илјади долари.
Овој контраверзен лов на делфин се одржува еднаш годишно, и тоа во периодот помеѓу септември и март, во Таџи, а уловените делфини се продаваат во аквариумите низ светот или пак се убиваат поради месо. Локалните жители се залагаат за одржување на оваа долга традиција, тврдејќи дека нема разлика помеѓу убивањето на делфините и било кој друг вид на животни поради ихсрана.