Јапонија брои се повеќе стогодишници, се дознава од службената студија која исто така предупредува за забрзано стареење на населението. Во септември се забележани 36.276 стогодишници, што е за 4.000 повеќе во однос на истиот период минатата година.
Владата на сите 100-годишници им испратила честитки, а меѓу нив е и Томиј Танбе кој има 113 години, најстариот маж не само во Јапонија туку и во светот. Најстарата жена е Една Паркер, има 115 години и живее во Индијана (САД).