Јапонската фирма Вишрум започна да продава необични градници минатата година. Несигурни дека ќе бидат прифатени на пазарот, на почетокот направиле само 160 примероци. Но веднаш ги продале и направиле уште 5000. Претседателот на компанијата, Масајуки Цучија изјавил дека идејата ја добиле слушајќи ги купувачите.


Градниците се достапни во бела, црна и розе боја, и се продаваат по околу 20 евра. Сите се со големина еден, а во ширината на градите се разликуваат од 81 до 97 сантиметри. Главни купувачи им се работниците кои работат во канцеларии. Тие се под голем стрес и велат дека градниците ги опуштаат на работното место.