Во случај да имате омилен безалкохолен пијалок, но веќе ви здодеало секогаш да е со потполно исти вкус, можеби е време да се преселите во Јапонија каде можете да пробате 67 вкусови на Фанта. Јапонците се мајстори за прилагодување на старото во изненадувачки ново. Во случајот со Фантата не направиле никаква револуција, но секако го зголемиле изборот на вкусови до збунувачко ниво.
Како што може да се види на Википедија, Јапонците очигледно ја сакаат Фантата, но исто така сакаат и разновидност. Јапонската Фанта може да се купи во 67 различни вкусови. Единствениот вкус кој повеќе не можете да го најдете е малината, која престана да се произведува во 2006 година. Не знаеме зошто се откажале токму од малината, но претпоставуваме дека ректите љубители на тој вкус можат да изберат нешто ново помеѓу 67 различни можности. Последниот вкус се вика „Внимателно избран Москато со благ вкус“.