Потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство во јануари годинава тежела 12 824 денари и е повисока за 2 отсто во однос на претходниот месец, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика.

Индексот на цените на мало во јануари 2009, во споредба со декември 2008, е понизок за 0.9%, а индексот на трошоците на животот е понизок за 0.6%.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2009 година бил повисок  во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 3.9%, месото за 2.2%, јајцата за 1.8%, рибата за 1.5%, преработениот зеленчук за 1.4%, преработките од месо за 0.8%, млечните производи за 0.4%, другите прехранбени производи за 0.6%, безалкохолните пијалаци за 1.2% и алкохолните пијалаци за 1.0%.

Пораст на индексите на трошоците на животот е има и кај услугите за сместување за 4.0%, туристичките аранжмани за 2.7%, средствата за хигиена за 0.6% и облеката за 0.5%.

Според податоците на заводот за статистика, индексот на цените на мало во јануари 2009 година, во споредба со истиот месец во 2008 година, бележи пораст од 0.7%, а трошоците се зголемени за 1.7%.

Ohridnews