Бројот на туристите во јануари 2011 година, во однос на претходниот месец, е намален за 18,3 отсто, кај домашните туристи намалувањето е за 25,6, а кај странските за 9,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Бројот на ноќевањата во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, е намален за 9,7 отсто, кај домашните туристи намалувањето е за 11,5, а кај странските за 7,5 отсто.

Во однос на месец јануари 2010 година бројот на домашните туристи  е зголемен за 3,1, а бројот на странските туристи е зголемен за 14,7 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во однос на јануари 2010 година, е намален за 10,6, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 10 отсто.

Според податоците на ДЗС бројот на туристите во јануари оваа година изнесува 28.096, а бројот на ноќевањата изнесува 58.047.

OhridNews
извор: Makfaks