Израелската полиција уапсила еден 27-годишен анонимен маж бидејќи трчал гол по улиците на Тел Авив. Подоцна тој пред полицијата се правдал дека е невидлив човек и дека никој не може да го забележи кога трча по улиците.
Вели дека воопшто не се срамел бидејќи никој не можел да го види поради неговата невидливост. Полициската портпаролка изјавила дека станува збор за човек со нарушено психичко здравје и дека бил пуштен на лекување кај психијатар.