Израелските фармери на земјоделскиот саем во Арава претставиле нова сорта црни домати. Новиот домат, наречен „црна галаксија“, го развиле експертите на компанијата “Tecnological Seeds DM”, кои тврдат дека неговата темна боја е резултат на посебен пигмент кој потекнува од боровницата. Пигментот бил чувствителен на светлина, па така доматот колку повеќе е изложен на сонце толку е потемен.

Црниот домат, кој одвнатре е црвен, содржел висока концентрација на антиоксиданти и витамин Ц, кои го јакнат имунолошкиот систем и помагаат во спречувањето на разни болести. Првенствено бил наменет за луксузните хотели, а во супермакетите би требало да се појави во текот на оваа година. Ова не била единствената необична сорта прикажана на овој саем. Меѓу новите експонати можеле да се забележат и црвени лимони како и виолетови моркови.