Македонската фудбалска репрезентација отпатува за Израел каде утре со почеток во 18 ч.ќе го одигра последниот квалификациски дуел за ЕП. Во Изреал патуваме без повредните Пандев и Трајанов како и без казнетиот Наумоски .
Селекторот Катанец за натпреварот со Изреал вели :
– Натпреварот со Хрватска е веќе зад нас. Добро е што по победата се врати самодовербата кај играчите, но и вербата во нивниот квалитет и можности. Токму тие моменти ќе се обидеме, иако без Пандев, Наумоски и Трајанов , да ги искористиме во дуелот со селекцијата на Израел која многу не задолжи со победата на Градски.
Самиот податок дека Израел има 20 бодови во групата, дека од последните 21. средба изгубил само три пати потврдува дека се тоа резултати какви што имаат најдобрите репрезентации во светот. Лично очекувам да биде потешко отколку со хрватите , но наше е да се подготвиме и да одиграме најдобро што можеме.Наш хендикеп сигуно е и натпреварот со Хрватска каде и лошиот тенер ни одземе многу сили, за разлика од противникот кој играше во многу подобри услови.
Полскиот судија Томаш Микулски ќе ја дели правдата на квалификацискиот натпревар меѓу репрезентациите на Израел и Македонија.Помшниции се неговите сонародници Криштоф Мирмус и Радослав Сиејка, додека контролор од УЕФА ќе биде италијанецот Стефано Браски.
Микулски беше судија на дуелот Ерменија-Македонија во минатиот циклус квалификации во кој нашата репрезентација победи.