На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 562 лица, од кои 236 во Охрид, информира СВР Охрид. Во Струга во изолација има 245 лица, а во Кичево-81.
Во самоизолација во моментов во Охрид се регистрирани 28 лица, во Струга-84, Кичево-67, а во Дебар-92). Сите лица во изолација и самоизолација се контролираат секојдневно од страна на полицијата.
Според полициската статискика на подрачјето на СВР Охрид, изминатото деноноќи регистрирани се 64 прекршоци за не носење лична заштита на лицето (Охрид-26, Струга-17, Кичево-16, Дебар-05). Ним, издадени им се платни налози за сторениот прекршок.
OhridNews