Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, единаесет лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Охрид-1, Струга-9, Кичево-1). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди, информира СВР Охрид.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 161 лице (Охрид-57, Струга-86, Кичево-18). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 82 контроли (Охрид-37, Струга-34, Кичево-11). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 94 лица (Охрид-25, Струга-28, Кичево-8, Дебар-33). Врз овие лица, извршени се 61 контроли (Охрид-19, Струга-19, Кичево-3, Дебар-20). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 61 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-23, Струга-06, Кичево-22, Дебар-10).  

Во истиот период, полициските службеници констатирале 126 прекршоци за не носење на лична заштита на лицето (Охрид-72, Струга-20, Кичево-18, Дебар-16), соопшти СВР Охрид.

OhridNews