Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Куманово.


Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, при претрес извршен во стан на булевар „Туристичка“, изнајмен од сега пријавените, пронајдени се повеќе опаковки со опојна дрога хероин, подготвени за натамошна продажба на наркозависници.

OhridNews