Иранската полиција ги предупредила сопствениците на продавници дека во излозите повеќе не смеат да стојат кукли кои не се прекриени со фереџе или кукли на кои им се истакнати градите. Исто така е забрането и да се излагаат кравати, а на мажите им е забрането да работат во одделенија каде се продава женска облека.


Неисламското однесување во Иран строго се санкционира откако претседател станал Махмуд Ахмадинеџад во 2005 година, а посебно внимание се обрнува против западњачкиот стил на облекување. Оние кои ќе го прекршат правилото за облекување првиот пат поминуваат со предупредување, а во случај тоа да го повторат ги чека судење.