Железничката компанија на Индонезија објавила дека во сообраќај пуштиле вагони кои се наменети само за жени како би се спречило сексуалното вознемирување на жените во јавниот превоз. Вагоните со седишта обоени во розе боја најпрво биле воведени на линијата која ги поврзува Џакарта и Богор.


Тие се наоѓаат на почетокот и на крајот на композицијата која е составена од голем број вагони. Претставниците на железничката компанија изјавиле дека ова го сториле за да ги заштитат патничките и истите да се чувствуваат сигурно кога го користат јавниот превоз. И покрај ова жените ќе можат да ги користат и останатите вагони во возот.