Научниците откриле 12 нови видови ноќни жаби на зелените планини во Индија и повторно пронашле три вида за кои се верувало дека исчезнале. Биологот Сатјабама Дас Биџу од универзитетот во Делхи рекол дека се надева како откритието ќе привлече внимание на водоземците како важни индикатори за здравјето на животната средина.


Тој рекол дека во Индија сега живеат 336 видови жаби за кои се знае, и дека голем број од нив бил загрозени поради губењето на живеалиштата. Ноќните жаби е тешко да се пронајдат бидејќи излегуваат само навечер и за време на сезоната на монсуните.