Едно истражување на Обединетите Нации за подобрување на санитарната инфраструктура во светот, покажало дека во Индија има повеќе мобилни телефони отколку тоалети. Во Индија, која брои 1,2 милијарди жители, мобилен телефон со претплата имаат 563,73 милиони луѓе, додека пристап до тоалети имаат само 366 милиони.
Студијата била објавена од една локална агенција за истражување и образование која соработува со УНЕСКО и ОН. Истражувањето покажува дека инвестициите во изградбата на тоалети повеќекратно би се вратиле, односно за секој вложен долар во тоалетите како добивка би се оствариле по 34 долари.