Истражувачите во еден зафрлен дел на Индија откриле јазик кој бил потполно нов за науката. Тој е познат како „Коро“ и се разликува од останатите јазици кои припаѓаат на неговата група. Бил откриен од тим лингвисти при експедицијата во државата Арунакал Прадес, на североистокот од Кина. Истражувачите биле во потрага за други два помалку познати јазици кои се говорат исклучиво на таа мала територија.


Додека ги слушале и бележеле тие јазици, пронашле и трет кој им бил целосно непознат и кој никогаш претходно не бил регистриран. Го сврстиле во Тибетско-Бурманската група јазици, која опфаќа околу 159 јазици кои се говорат во Индија. Јазикот „Коро“ го зборувале помеѓу 800 и 1200 луѓе.