Неколку десетици илјади заболени од астма се собрале на стадионот во Хајдерабад, во индиската држава Андра Прадес, како во заеднички ритуал би голтале живи сардини, премачкани со жолта билна течност, за која веруваат дека ќе ги излечи нивните проблеми со дишењето. И покрај предупредувањата на лекарите, членовите на семејството Гоуд вршат лекување со генерации, и тврдат дека тајните за оваа терапија нивните предци ги дознале од хундуистички свештеник пред 170 години. тие лекувањето го вршат бесплатно два дена на почетокот на монсунската сезона, но одбиваат да ги откријат состојките со кои ја премачкуваат рибата, тврдејќи дека би ги изгубиле своите моќи доколку бидат комерцијализирани.
Еден човек умрел од срцев удар, а неколку лица побарале медицинска помош додека со часови чекале во ред за лекување, соопштила полицијата, наведувајќи дека стадионот не бил припремен да прими 70 илјади лица кога се отвориле вратите. По голтањето на рибата, на пациентите им се препишува строга диета на база на 25 намирници кои мораат да ги земаат во период од 45 дена. Критичарите на оваа „рибна медицина“ истакнале дека не е хигиенска, бидејќи терапијата се врши на илјадници луѓе без да се измијат рацете.