Илјадници луѓе во Индија станаа „плен“ на разработена шема за измама која продава лажни вакцини за коронавирус и вакцинира луѓе, вклучувајќи лекари и медицински работници, соопштија денеска индиските власти.
Најмалку 12 лажни акции за вакцинирање се случиле во или во близина на Мумбај, во западно индиската држава Махарастра, изјави за Си-Ен-Ен Висал Такур, висок полициски службеник во Мумбај.
Тие користеа солена вода и инекции. Во секој лажен камп што го имаа, тие го правеа тоа, рече Такур.
Околу 2.500 лица примиле лажни вакцини, а организаторите за вакцинација им наплатиле на жртвите за вакцините, заработувајќи вкупно 28.000 долари.
Ги уапсивме лекарите кои користеа болница што произведува лажни сертификати, шишиња, шприцеви, рече Такур.
Досега се уапсени 14 лица под сомнение за измама, обид за убиство, заговор и низа други кривични дела.
Индија беше погодена од втор бран на коронавирус помеѓу април и почетокот на јуни, што зарази милиони и уби десетици илјади луѓе низ целата земја.
OhridNews