Законот за донации и спонзорства беше тема на јавната расправа што невладиниот сектор ја одржа во Охрид.
Најновиот закон за донации и спонзорства од јавен интерес ќе им помогне на граѓанските организации да обезбедат самоиздржливост за активностите кои ги спроведуваат, а кои се од јавен интерес. Тоа значи дека невладиниот сектор треба да обезбеди добра подршка од потенцијалните бизнис партнери како социјално одговорни кои покрај остварување на профит би сакале да им дадат подршка, вели Драги Змијанац претседател на првата детска амбасада во Македонија Меѓаши.
Според Змијанац овој закон ќе придонесе за средување на хаосот кој со години се создаваше околу постоењето на невладините организации.
Граѓанска организација повеќе нема да може да регистрира секој, кој немајќи друга работа или дург излез за профит го правеѓе топа, вели Змијанац. Тој додаде дека треба да се издефинира што е јавен интерес а што не е, затоа што министерството за финаси ќе ги консултира и останатите министерства и не секој ќе може да добива такви средства.
Неколку невладини организации иако се уште во мал број меѓу кои и Меѓаши веќе почнале да го применуват овој закон. Какви ке бидат ефектите од него се уште е рано да се зборува.
Мики Трајковски