По повод интернационалниот ден на спортот Македонскиот олимписки комитет организираше спортски активности во четири основни училишта во Македонија се со цел да се одбележат спортот и вредностите кои ги промовира пред се кај најмладата популација.

Охрид преку ОУ “Христо Узунов” во соработка со здружението за развој на спортот кај младите “ОХ СПОРТ”, е дел од националното одбележување на денот на спортот.


– Сакам да им се заблогадарам на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), основното училиште „Христо Узонов“ и на професорите по физичка култура за поддршката за реализирање на овој проект од светски рамки. Ова е прв проект на новото спортско здружение „Охспорт“ кое во иднина ќе организира спортски манифестаци и ќе го афирмира спортот во Охрид. – рече Иван Цветкоски.


Порака до светот преку спортот упатија учениците од првото одделение во „Христо Узонов“ кои се покажаа како врвни спортисти.  


– Како и секоја година во нашето училиште го одбележуваме денот на спортот и мирот. Преку спортот се упатуваат безброј пораки и многу ми е драго што и ние како училиште сме дел од овој проект. – потенцираше директорот на „Христо Узонов“, Тони Симоноски.


(МОК) и новото спортско здружение во Охрид на дечињата им подарија маички и здрави прехранбени производи.

Мх.П.