Во финансискиот центар на југот на Кина, во Хонг Конг, бил продаден стан од 620 квадратни метри за 60 милиони долари, што е рекорд за овој тип недвижнина во овој дел на светот. Станот се наоѓал на Викторија Пик во Хонг Конг, а купувачот бил непознат, соопштиле агентите за недвижности кои го продале. Ентериерот на станот бил опремен од реномираниот архитект со канадско-американско потекло Френк Гери.
Купопродажниот договор бил реализиран само девет дена по објавувањето на огласот за продажба на станот. Во Хонг Конг постои големо зголемување на цената на недвижностите поради екстремно ниските даночни стапки и приливот на богатите кинези од континенталниот дел на земјата. Цените на недвижностите двојно пораснале од завршувањето на финансиската криза во 2009 година.