Нуркач  бил „улов на денот“ на еден холандски 13-годишник кој бил на риболов. Ловејќи риба, тој го закачил  нуркачот за усна, пренесе „Ројтерс“..

„Слушнав некаков звук над својата глава и веднаш потоа почувствував како нешто ме повлече за усната“ рекол уловениот нуркач Вим Ван Хуфелен за холандскиот „Де Телеграф“ кој објавил и негова фотографија со јадицата закачена на устата.

Ван Хуфелен во моментот кога му станал „плен“ на 13-годишниот риболовец, пливал во Северното Море, во близина на брегот, на југот на Холандија. Докторите успеале да го ослободат од јадицата.

Ј.М.