Властите во Холандија се обидуваат да се справат со рекордното ниво на заболени со рак на кожата во земјата, па како една од мерките спроти невообичаено високите температури во Средна Европа, холандските граѓани ќе добиваат бесплатни креми за заштита од сонцето ова лето, објави „Гардијан“.

Дозери за креми за сончање ќе бидат достапни ова лето во училиштата и универзитетите, на фестивалите, во парковите, спортските места и отворените јавни површини низ земјата, според Владата. Со тоа се цели да им се овозможи на сите пристап до заштита, без луѓето да бидат вознемирени од фактори како што се трошоците.

Случаите на рак на кожа се зголемуваат низ цела Европа последниве две десетлетија.

Во Германија, на пр. според Сојузниот завод за статистика, во 2021 година бројот на смртни случаи од рак на кожа се зголемил за 55 отсто во споредба со 2001 година.

OhridNews