Американската компанија Гугл соопшти дека нејзините вработени ќе можат да работат од дома до септември 2021 година, објави Њујорк Тајмс.

Во Гугл вработените ќе може да работат од дома до септември 2021 година

Компанијата исто така најави дека ќе ја тестира идејата за „флексибилна работна недела“ веднаш штом работниот процес се нормализира, изјави извршниот директор на компанијата Сундар Пицај.

Според таа идеја, кога епидемиолошката состојба ќе се смири и процесот на работа повторно ќе се нормализира, вработените ќе можат да работат во канцеларија три дена, а два од дома.

OhridNews