Момироски е уапсен при обидот да сними Македонци како вадат изводи од матична книга на родени во грчките служби, а според првичните непотврдени информации, при приведувањето одземен му бил мобилниот телефон. Првично беше соопштено дека Момироски бил приведен на граничниот премин Ники-Меџитлија на македонско-грчката граница. Новинарот Момироски вчера известуваше за прославата на празникот Голема Богородица во леринското село Неред, кој во Грција се слави според Грегоријанскиот календар
Покрај Горан Момироски, како што информираат од телевизијата, уапсена е и новинарката на дневниот весник „Вест“, Милена Ѓоргиевска.
Ова не е прв пат македонските новинари да се соочуваат со проблеми во Грција. Во 2008 година неколку телевизиски екипи , меѓу кои беше и Горан Момироски, беа задржани на граница, a една новинска екипа беше протерана од земјата.
Конзулот Димитров на средба во леринската полиција
Македонскиот конзул во Солун, Томислав Димитров, пристигна во Лерин на состанок со локалната полиција, каде се очекува да добие официјална информација за апсењето на новинарите Горан Момироски и Милена Ѓоргиевска, пренесува „Макфакс“ повикувајќи се на Министерството за надворешни работи.
Во моментов, како што информираат од МНР, грчката полиција врши преглед на снимениот материјал од страна на Канал 5 Телевизија, медиумот за кој работи Момироски.
Момироски и Ѓоргиевска беа уапсени претпладнево при вршење на професионални задачи во Лерин.
Подетални информации за целиот случај од МНР најавија за подоцна
извор: „Макфакс“