Зад гробницата на фараонот Тутанкамон можеби се наоѓа скриена просторија и гробницата на најпознатата египетска кралица, Нефертити, или можеби на некој друг член на кралското семејство. Египетскиот министер Мандух ел Дамати вели како прелимининарните анализи со инфрацрвени скенери покажале дека северниот ѕид на гобницата има поинаква температура од останатите. Едно од објаснувањата на оваа појава е дека во ѕидот се наоѓа скриен премин.

 

Угледниот британски археолог Николас Ривс оваа година објави труд во кој тврди дека во гробницата на фараонот се наоѓаат два премини кои подоцна се запечатени и префарбани. Напиша дека гробницата оригинално е направена за кралицата Нефертити, но дека свештениците морале да ја отворат десет години после нејзината смрт, бидејќи немале време да градат нов мавзолеј за Тутанкамон. Меѓутоа, министерот напоменал дека во скриената просторија можеби се наоѓа Кија, сопругата на фараонот Ехнатон.